Арсовска: Мизогеното и дивјачко однесување на Славевски резултираше со хоспитализација на една жена која е мајка на две деца!

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, објави Фејсбук статус со кој ја поддржува независната советничка во Советот на Град Скопје, Ирена Витина, која вчера итно беше пренесена во болница по тортурата од страна на Трајко Славевски.

– Мизогеното и дивјачко однесување на Трајко Славевски како претседател на Советот во Град Скопје на вчерашната седница кулминираше со немил настан во кој советничката Ирена Витина ја загуби свеста не можејќи повеќе да се носи со постојаните брутални напади кон неа од страна на Славевски.

Витина е жена која лавовски се бори на секоја седница единствено за интересите на скопјани и поради фактот што препозна некој единствено е заинтересиран за теснопартиски и лични интереси се повлече од советничката група.

Витина покажа срце и храброст и ако сите од раководството на ДПМНЕ се однесуваа како Витина кога станува збор за интересите на граѓаните партијата досега ќе беше на власт.

Ако ДПМНЕ ваков притисок вршеше кон власта како кон Витина одамна ќе беа на власт. Наместо борба со власта, тие продолжуваат со правење на поделби во опозициското ткиво.

За ваквото нивно однесување можно е само едно сценарио, а тоа е да се во директен договор со власта кој има за единствена цел Христијан Мицкоски да го задржи своето министерско место како министер за опозиција, вели Арсовска, која додава дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ вчера направија вистинска драма во Собранието, за наводниот упатен бакнеж од Маричиќ кон Дафина Стојаноска, а никој не реагира за жена која беше хоспитализирана.

– Да не заборавиме дека вчера ВМРО-ДПМНЕ го блокираше Собранието за наводните бакнежи на Маричиќ упатени кон пратеничката Стојановска, но не го стори тоа кога се менуваше Кривичниот законик кога се менуваше името и во Собранието се гласаа низа на катастрофални решенија за македонскиот народ.

Со кој образ Мицкоски, Славевски и останатото раководство на партијата говорат за мизогенија ако вчера нивното однесување резултираше со хоспитализација на една жена која е мајка на две деца, напиша Арсовска на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тешка кражба во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…

Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…

(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…

Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…

Се намалува цената на парното во Скопје

Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…

Денеска ќе знаеме колку ќе поскапи парното…

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска на…