Арсовска: Нашето Скопје треба да се сака со тоа што заедно ќе работиме да имаме поубав град
Со положување цвеќе пред споменикот на ослободителите на градот и на партизанските гробишта денеска беа одбележани 80 години од ослободувањето на Скопје.
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, порача дека јубелејот 80 години, е симбол на победата, на духот, на решителноста, на пожртвуваноста на генерациите кои што се обиделе да направат нешто повеќе и дека „нашето Скопје треба да се сака со тоа што заедно ќе работиме да имаме поубав град, кој ќе биде гордост на секој еден од нас“.
– Да е вечен споменот на нашите предци, на нивните дела, а ние сите, граѓаните на Скопје и на нашата Македонија да останеме обединети во нашите напори да направиме нашиот град да биде уште поубаво место за живот, меѓутоа да биде и поуспешно, посветло и поубаво место за живеење на идните генерации… да докажеме и покажеме дека можат Скопјани и знаат како да работат заедно, порача Арсовска.
Оваа годишнина, порача Арсовска, е време да се потсетиме дека мора да преземеме обврска за продолжување на тоа што некој пред нас успеал да се избори и да ни го остави како подарок со својот живот и жртва.
Претседателот на Сојузот на борци Наум Бурески, од пред ѕвездата водилка за слобода на партизаните и борците во НОБ, порача дека во борбите за Скопје се дадени многу жртви и дека денеска славиме слобода на еден голем град, главниот град на Македонија.
– На ослободувањето од цела Македонија беа дојдени претставници и народ, кои ја славеа слободата. За првпат почнавме да зборуваме за македонски школи, да формираме универзитети, култура, образование, здравство и сите политички и државотворни организации. Своја република со свој претседател… каде се зборуваше и учеше на македонски јазик. Јас сум Македонец и ќе бидам Македонец. И моите деца ќе бидат Македонци и оваа татковина, мајка наша не може никој да ни ја одземе. И, сакам една порака да испратам, до партиите и властите, да се здружат, да ги фрлат копјата и да ја градат оваа држава, затоа што друга држава немаме и нема ниту да имаме, ако ја изгубиме, порача Бурески.
Делегации претходно положија свежо цвеќе и пред споменикот на генерал Михајло Апостолски во Алејата на заслужните граѓани, а вечерва од 19 часто во Македонската Филхармонија ќе се одржи и Свечена академија и доделување на 13-то Ноемвриската награда.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АХВ: Водата во Скопје е безбедна за…
Инспекциските служби на Агенција за храна и…
Од март директна авиолинија од Скопје до…
Од март ќе биде воведена директна авиолинија…
БРАВО! Скопјани ќе добијат вода за неколку…
Во завршна фаза се активностите за санација…
Од вечер повеќе од половина од Скопје…
Од 22 часот денеска, повеќе од половина од Скопје…
Штедете и гответе оброци што не бараат…
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во пресрет…