Арсовска на годишната средба на европски гимназии во Скопје: Домаќин средното училиште “Орце Николов”

t

Денеска се одржа годишната средба на европски гимназии, на која оваа година учествуваат осум гимназии од Европа, а нашето средно училиште на Град Скопје “Орце Николов” е домаќин, објави на Фејсбук градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

– Со меѓусебното вмрежување, размена на искуства и добри практики, наставниот кадар и учениците секоја година комуницираат определена актуелна тема, поврзана со воспитнообразовниот процес и секојдневието на учениците.

Годинава како дополнување на активностите фокусирани на справување со врсничкото насилство кај младите, поставувањето на координатори за детекција и справување со овој проблем во сите средни градски училишта, работилници за подигнување на свесноста за проблемот, фокусот на средбите на европските гимназии е токму на ова тема, напиша Арсовска на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Парада на гордоста во Скопје на 21…

Шестата по ред Парада на гордоста ќе…

Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…

Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…

Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…

Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…

Изгорел склад за градежни материјали во Скопје

Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…

Невреме со дожд и град го зафати…

Попладнево Скопје беше зафатен од силно невреме…