Арсовска на официјална средба со градоначалникот на Бања Лука: Иницијатива за збратимување на градовите

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска се сретна со градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ, соопшти градоначалничката на Фејсбук.

-На покана на градоначалникот на Бања Лукa, Драшко Станивуковиќ, денес имавме официјална работна средба на која се разговараше на повеќе теми за меѓусебна соработка на двата града, размена на искуства, како и отпочнување конкретна соработка.

Градот Бања Лука е економски, политички и културен центар на Република Српска, со огромен потенцијал за развој на трговската размена и економијата, за што покренавме иницијатива за збратимување на двата града. Воедно, се договори соодветна динамика што води кон конкретна соработка за имплементација на проекти кои се од взаемен интерес на двата града, во областа на културата, образованието, спортот, туризмот, економијата и животната средина. – напиша Арсовска на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ја тепал сопругата за да му даде…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Парада на гордоста во Скопје на 21…

Шестата по ред Парада на гордоста ќе…

Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…

Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…

Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…

Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…

Изгорел склад за градежни материјали во Скопје

Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…