Арсовска на состанок со Кризниот штаб: Да се преземат итни мерки за расчистување на штетните материјали кај “Треска”
Состанок на Кризниот штаб на Град Скопје – Надлежните да првземат итни мерки за расчистување на штетните материјали кај фабриката Треска
Денеска се одржа состанок на Кризниот штаб на Град Скопје, со кој раководи градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, со учество на командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Звонко Томески, директори на јавните претпријатија и членови на кризниот штаб.
На состанокот се разговараше за преземање на мерки за превенција од пожари, по случајот со пожарот во поранешната фабрика Треска, во скопската општина Центар.
Се донесоа заклучоци, меѓу кои и потребата ресорно надлежните институции да преземат итни мерки за расчистување и отстранување на запаливите материјали како и штетниот отпад од поранешната фабрика Треска кој може да го загади воздухот и почвата и воопшто животната средина на жителите кој живеат на тој потег, со што надлежните би можеле да ја отстранат опасноста од загадување и од повторување на пожари. На терен при гасењето на пожарот, пожарникарите кои интервенираа беа изложени на ризик и опасност, како и околните куќи кои ги делеше само еден ѕид од пожарот. На самото место не само што постоеле извесни запаливи материјали во магацините, има и цистерна со обем од 20 илјади литри на нафтени деривати и истата е огромна опасност која ја доведува во прашање безбедноста на граѓаните.
Градот Скопје ги става на располагање своите капацитети за помош во расчистувањето на штетните материјали, доколку надлежните институции утврдат потреба од истото, а воедно за подобра и навремена подготвеност на службите за интервенција, беше донесен заклучок да се побара информација за база на податоци од Дирекција за заштита и спасување, за мапирање потенцијални ризични места во градот каде постојат цистерни или магацини со запаливи или ризични материјали, со цел брза и навремена интервенција за заштита од можни хаварии и инциденти предизвикани од пожар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја тепал сопругата за да му даде…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
Парада на гордоста во Скопје на 21…
Шестата по ред Парада на гордоста ќе…
Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…
Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…
Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…
Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…
Изгорел склад за градежни материјали во Скопје
Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…