Арсовска на средба со италијанскиот амбасадор: Продолжуваме со заедничките активности
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска оствари средба со италијанскиот амбасадор во Македонија, Н.Е Андреа Силвестри со кој разговарале за идните активности на градот и соработката со Италија.
– Денеска остварив средба со Амбасадорот на Република Италија во Македонија, Н.Е. Андреа Силвестри, на која разговаравме за тековните и идните активности на Градот Скопје со фокус на билатералната соработка, годинава кога одбележуваме 30 години од воспоставување на дипломатски односи меѓу Македонија и Италија.
Добрата соработка меѓу Градот Скопје и Амбасадата на Република Италија, продолжува преку размена на позитивни практики и воспоставување на нови партерства во различни сфери на општественото живеење особено во културата, економијата и заеднички меѓународни проектни активности. – напиша Арсовска на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АХВ: Водата во Скопје е безбедна за…
Инспекциските служби на Агенција за храна и…
Од март директна авиолинија од Скопје до…
Од март ќе биде воведена директна авиолинија…
БРАВО! Скопјани ќе добијат вода за неколку…
Во завршна фаза се активностите за санација…
Од вечер повеќе од половина од Скопје…
Од 22 часот денеска, повеќе од половина од Скопје…
Судот во Стразбур ја казни Италија поради…
Европскиот суд за човекови права во Стразбур…