Арсовска на средба со претставници на „Полиo Плус“- подобрување на уcловите за живoт и поголема инkлyзивност на лицата со попpeченоcт
Подобрувањето на условите за живот на лицата со попреченост беше тема на денешната средба на градоначалничката Данела Арсовска со претставниците на Движењето против хендикеп „Полио Плус“.
Тие истакнаа дека е потребна поголема инклузивност на лицата со попреченост, со што ќе се овозможат подобри и поквалитетни услови за секој граѓанин. Арсовска напомена дека ќе се заложи Град Скопје да направи се што е во негова надлежност со цел подобрување на условите, а ќе се обиде и да ја поттикне и централната власт да стори повеќе на ова поле.
Подобрувањето на условите за живот на лицата со попреченост е еден од важните проекти во програмата на новата градска администрација. Целта е во наредниот период да се постават пристапни рампи и лифтови во сите објекти, инфраструктурно подобрување во сообраќајот, семафори со звучна сигнализација за лицата со попреченост, тактилни патеки за потребите на лицата со оштетен вид.
Арсовска веќе издаде писмен налог до сите јавни институции под надлежност на Градот да направат проценка и да постават пристапни рампи за лица со попречености, со рок за имплементација од 60 дена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…
Тешка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…
Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…
(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…
Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…
Се намалува цената на парното во Скопје
Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…