Арсовска на средба со “Сина светулка”: Градот Скопје со поддршка за развој на вештини за подготовка на училиште на децата со аутизам

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска оствари средба со претставничките на Здружението „Сина светулка“ и го потпиша договорот за поддршка на Здружението за унапредување на квалитетот на животот на лицата со аутистичен спектар, за поддршка на развој на вештини за подготовка на училиште на децата со аутизам, за подобрување на квалитетот на животот на лицата со аутизам и нивните семејства.

Проектот е значаен и вклучува применување на посебни научни методи првенствено за едукација и развој на социјалните вештини на децата со аутизам и нивната инклузивност во образовниот процес, но и за подигнување на свеста за лицата со аутистичен спектар и нивните семејствата за подобро функционирање и општествено прифаќање.

Градот Скопје ќе продолжи континуирано да работи и подржува значајни проекти за подобрување на квалитетот на животот на лицата со аутистичен спектар и нивните семејства.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претреси во Скопје, пронајден амфетамин

Денеска (26.12.2024) во 10.15 часот од страна…

АХВ: Водата во Скопје е безбедна за…

Инспекциските служби на Агенција за храна и…

Од март директна авиолинија од Скопје до…

Од март ќе биде воведена директна авиолинија…

БРАВО! Скопјани ќе добијат вода за неколку…

Во завршна фаза се активностите за санација…

Од вечер повеќе од половина од Скопје…

Од 22 часот денеска, повеќе од половина од Скопје…