Објавено на:

Арсовска на увид на градежните работи и реконструкција на водоводната мрежа на „Антон Попов“

t

Градот Скопје континуирано работи на подобрување на водоснабдувањето за граѓаните во сите градски населени места, согласно со проектите од програмата „За модерно Скопје”, каде што решавањето на проблемите со водоводната мрежа е еден од приоритетите. Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска заедно со екипи од секторот за уредување и скопското јавно претпријатие „Водовод и канализација”, извршија увид на градежните работи на реконструкција на водоводна мрежа на ул.Антон Попов во општината Гази Баба.

Со изведбата на водоводни приклучоци на овој потег кои се поврзуваат со постојната водоводна мрежа со профил од 150 милиметри, се решава повеќедеценискиот проблем на жителите со честите прекини во водоснабдувањето поради застареноста на системот, а се решаваат загубите на вода и трошоци за поправките на дефектите на водоводната мрежа.

Изведбата на приклучокот преставува дел од програмата на градоначалничката Данела Арсовска за обновување на градската мрежа, во децениски заборавените населени места, што претставуваше и долгогодишно барање на жителите од тој дел на градот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тешка кражба во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…

Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…

(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…

Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…

Се намалува цената на парното во Скопје

Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…

Денеска ќе знаеме колку ќе поскапи парното…

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска на…