Арсовска: Независни акредитирани лабаратории да постават мерни уреди покрај Усје!

t

Поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, во објава на социјалните мрежи побара независни акредитирани лаборатории да постават мерни уреди покрај цементарницата Титан Усје.

– На Титан Усје оџаците се феномен, ставени биле за водена пареа. А чадот од отпадот што го горат за да произведат цемент каде оди? 🏭

⛔️Сами си се мереле секој ден и нивната приватна лабараторија тврди дека не загадуваат. Ова е исто како кога некој грд и глуп, за себе тврди дека е убав и паметен и се чуди зошто никој не му верува.

🛑 Независни акредитирани лабаратории да постават мерни уреди покрај Усје и 365 дена секој ден под контрола да мерат. НИЕ кога меревме го ПОТВРДИВМЕ ЗАГАДУВАЊЕТО. Бидејќи никогаш не се гасат печките веројатно загадување ќе нема само на 29 февруари. – напиша Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема сериозни надминувања на загадувањето во Скопје,…

Министерството за животна средина и просторно планирање…

АРСОВСКА ГО ВРАТИ ЌОСЕТО:Ова е уште еден…

Споменикот од пред комплексот судови го отстрани…

Неколку градови во Македонија денеска се абнормално…

Неколку градови во Македонија денеска се абнормално…

Санкции за четири правни и две физички…

Санкции за четири правни и две физички…

(Видео) Арсовска: Не планирам да одам на…

Во денешната епизода на Наше Скопје, градоначалничката…