Санкции за четири правни и две физички лица за отпадот во Орман
Санкции за четири правни и две физички лица најави Државниот инспекторат за животна средина во врска со отпадот кај селото Орман.
Директорот на Инспекторатот Сретен Стојковски на денешната прес-конференција информираше дека ќе следи и соодветна постапка за санкционирање за неколкуте сторени законски повреди, односно за загрозување на животната средина и природа со отпад.
– Иако постои меѓусебен договор меѓу Рецикл Еко-старт и сопствениците на парцелите на локација на приватен имот во Орман, несоодветно е транспортиран и складиран отпад кој потекнува од правниот субјект Рецикл Еко-старт, на локација коај не е наменета за складирање на ваков отпад, односно нема добиено дозвола од МЖСПП што е казниво по закон, појасни Стојковски.
Изминатиот месец инспектор од Ѓорче Петров утврди дека на приватен плац во селото Орман биле најдени 600-тони опасен отпад од акумулатори за кој граѓаните велат дека таму стои веќе шест месеци.
На денешната прес-конференција, директорот Стојковски информираше и за наодите од други инспекциски надзори помеѓу кои и вонредниот инспекциски надзор во ДИС ЕНЕРГИА ДОО СКОПЈЕ и ДПТТР ЕУРОПРОГРЕС ДООЕЛ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Општина Косово Поле прогласи вонредна состојба поради…
Општина Косово Поле прогласи вонредна состојба поради…
Казна од 20.000 евра за незаконско фрлање…
Општина Аеродром покажа дека нема толеранција, казна…
Трајковски: Ѓубре имаме, визија немаме
Од сите можни начини за справување со…
О2: АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО ВО МАКЕДОНИЈА Е ЗДРАВСТВЕНА КРИЗА, НЕ…
Аерозагадувањето, PM честичките, издувните гасови од дизел…
Секој македонски граѓанин изминатата година создал по…
Минатата година во земјава биле собрани вкупно…