Арсовска: Никаде не се случило Влада да бара град да ја спacи, единствени што губат од ваквите игри се граѓаните
Во гостувањето во емисијата Клик Плус градоначалничката Данела Арсовска истакна дека немањето стратегија за справување со енергетската криза на Владата не треба да биде причина да се поигрува со чувствата на граѓаните на Скопје.
“Македонија има минимална фискална децентрализација и оние минимални средства што се дотираат се навистина минимални и треба да им биде јасно и на пошироката јавност и на граѓаните дека општините се наоѓаат во незавидна положба, имаат генерирани долгови не само затоа што некој работел недомаќински претходно туку и затоа што децентрализацијата е минимална”.
Арсовска кажа дека единствени што губат од ваквото префрлање на топката од Владата врз општините и Градот Скопје се граѓаните на градот Скопје.
“Се знае кој е виновен и кој ја има реално моќта и финансиите од секој еден аспект да помогне и да се разрешат проблемимте и оваа состојба. Тој кој што ја има моќта да ја промени ваквата ситуација треба да си ја понесе и одговорноста” вели Арсовска.
Во врска со БЕГ, Арсовска спомена дека претпријатието има потрошено скоро еден милион евра,а а нема никаква функционалност и за да профункционира потребна е сериозна подготовка и стратегија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…
Тешка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…
Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…
(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…
Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…
Се намалува цената на парното во Скопје
Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…