Арсовска: Ниту една функција не е вечна, ако некој не испорачува резултати нормално дека ќе биде сменет

t

Ниту една функција не е вечна и ќе постапам во секој случај каде ќе има индиции за коруптивно и незаконско работење, без разлика за кој се работи, вели градоначалинчката на Град Скопје, Данела Арсовска во утринската програма на Канал 5 телевизија.

– Јас не сметам дека ако на некого му се даде доверба да води институција дека е неопходно тоа место да му биде вечно дадено. Верувам дека треба да се даде шанса на секого, тешки се реформите да, првпат се прават во градот.

Мое е онаму кадешто сметам дека она кое е дадено како задача не е реализирано, дека имам право како градоначалник да дадам шанса на некој друг. Ниту една функција не е вечна и сметам дека тоа го кажав уште пред 6-7 месеци, доколку не ги реализираат сите зацртани цели ќе си понесат одговорност или ќе бидат сменети.

Има и други објективни околности ама мора да се имплементира сè што е важно на градот, инсититуцијата мора да функционира без разлика кој ја води и да има добар тим, а не да се врзува за една личност.

На граѓаните мора да им се испорачаат резултати.

Многу е сипмтоматино и спаѓа во делот на партиски препирки, кога некој ќе поставите, а на некој му одговара таа личност, никој не прашува за образование, портфолио, доколку на некој му чепнете во око или џеб, како во овој случај каде се утврдени значајни неправилности, се јавуваат програмски совети, па човек со сериозно искуство не одговара. Ни требаат луѓе кои се чесни и одговорни и не се корумпирани, имаше страшна шпекулација градоначалничката му дала награда па го разрешила. Наградата ја избра независна комисија и ја даде на институција која постои 50 години за младите во градов, не на поединец , ниту некој има поединечна заслуга за да добие награда.

Имаше сериони индиции и ние постапивме, ако има сеирозни знаци за коруптивно работење јас ќе постапам . Знам дека не е популарно тоа, ќе почнат да се јавуваат по медиумите, да пласираат невистини, да се бранат себеси, а јавноста мора да ја знае вистината и да се докаже низ институции.

Сметам дека на јавноста и во Скопје и во Македонија им е јасно зошто се сите овие напади во изминатите 12 месеци. Додека на овие политички елити кои 30 години раководат со Македонија, стоите, не работите ништо им одговарате, кога ќе почнете да разоткривате корупција и воспоставувате ред, а во анархија најлесно се краде, јасно е дека ќе напаѓаат, напаѓале и тоа нема да застане, вели Арсовска која додава дека не е сама бидејќи ја има поддршката на граѓаните.

– Не сум сама апсолутно, јас ја гледам поддршката на граѓаните која ме охрабрува. Има луѓе кои знаат да оценат и разберат дека во овој случај нападите се базираат на тоа што му го нарушувате на некој комодитетот, некој не сака да му се менува системот, не сака ред, не сака да се знае што излегува од таа институција. Невозможно е да функционираме уште еден ден повеќе во анархија, граѓаните мора да знаат како функционираат институциите, нагласи Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…

Тешка кражба во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…

Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…

(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…

Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…

Се намалува цената на парното во Скопје

Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…