Објавено на:

Арсовска: Нова патна инфраструктура во Шуто Оризари, Скопје се развива рамномерно!

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска извршу увид во градежните работи на кракот 38 на улицата „Македонско Косовска Бригада“.

-Во општината Шуто Оризари граѓаните се соочуваат со бројни предизвици, а на барање на жителите еден од приоритетите е за првпат изградбата на крак 38 на улицата „Македонско Косовска Бригада“. Овој проект кој е оценет како еден од заедничките приоритети се реализира од ЈП Улици и патишта, по налог на Град Скопје. Со реализацијата на овој проект, граѓаните на Шуто Оризари во должина од 450 метри добиваат 1800 квадратни метри нова патна инфраструктура и решение за дологодишни проблеми во овој дел од градот.

Нашите сограѓани заслужуваат да се слушне нивниот глас и реализираат нивните барања. Главната цел на тековните градски градежни активности во Скопје е градот да се развива рамномерно, со реализација на проекти и во урбаниот и во руралниот дел.- напиша Арсовска на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Парада на гордоста во Скопје на 21…

Шестата по ред Парада на гордоста ќе…

Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…

Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…

Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…

Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…

Изгорел склад за градежни материјали во Скопје

Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…

Невреме со дожд и град го зафати…

Попладнево Скопје беше зафатен од силно невреме…