Арсовска: Оддаваме почит на сите кои ги положиле животите за самостојна Македонија и ослободување од фашистичката окупација

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска по повод Сенот на победата над фашизмот и Денот на Европа положи свежи цвеќе на партизанските гробишта во Бутел/
-Денеска во чест на 9 мај – Ден на победата над фашизмот и Ден на Европа, оддадовме почит на партизанските гробишта во „Бутел“. Денот на победата над фашизмот е значаен ден за целото човештво, меѓутоа е посебно значаен за македонскиот народ, бидејќи тој за времето на Втората светска војна застана и се бореше на страната на антифашистичката коалиција и даде свој голем придонес. Денеска се сеќаваме и одаваме почит на сите кои ги положиле своите животи за самостојна Македонија и нејзино ослободувањето од фашистичката окупација. – напиша Арсовска на Фејсбук.




ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Во живо) „Цела Влада оставка!“ – Младите…
Со 20-минутен молк продолжува протестниот марш, граѓаните,…
Кој се плаши да види колку народ…
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните…
Марш за одговорност и безбедност во Понеделник…
Инстаграм профилот „Кој е следен“ повика на…
Седум локации – МВР забрани да се…
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните…
Авион на грчкото воено воздухопловство вечерва од…
Со авион Ц-27 на грчкото воено воздухопловство…