Објавено на:

Арсовска: Со поставување фотоволтаични системи на објектите под ингеренции на Градот Скопје до подобрена енергетска ефикасност

t

Денеска одржавме јавна дебата за спроведување проект за енергетска ефикасност, во присуство на претставници од секторот за животна средина при Градот Скопје, советници во Советот на Градот Скопје, експерти, членови од Градскиот Еко Совет и заинтересирани граѓани, во рамки на која ја презентиравме потребата од проекти за енергетска ефикасност и воспоставување на фотоволтаични системи на објектите под надлежност на Градот Скопје.

Големи се придобивките од транзиција кон енергетски ефикасни објекти, а проектите на кои работиме, како оној кој го презентиравме денес, е нешто за кое Градот одлучно се залага да го оствари, со имплементација на фотоволтаични системи врз објектите кои се под ингеренции на Градот и воведување иновативни системи за обновливи извори на енергија кои имаат позитивно влијание врз животната средина.

Затоа отпочнуваме со објектите кои се под надлежност на Градот Скопје, за кои ќе преземеме активности во насока на зголемување на нивната енергетска ефикасност, кои ќе можат воедно со енергетски сертификат да го потврдат својот капацитет за воспоставување на системи од обновливи извори на енергија.

Преку јавна дебата како можност да се слушнат мислења и препораки за заштита на животната средина и препораки за имплементација на соодветни решенија, се креираат решенија со цел да се направат заштеди кои во состојба на криза особено енергетска криза, ќе овозможат на среден и долг рок директно да се заштедат буџетските средства кои можат да бидат инвестирани во нови иновативни системи од обновливи извори на енергија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Гајбата пред кооперација е поудобна од…

Претседателот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан…

Апасиев ги избрука! Не работи канцеларијата за…

ПОТЕМКИНОВИОТ СВЕТ НА ВМРОИДИТЕ (или "Како функционира…

Доаѓа невреме во Македонија

Во нашата Република Македонија се до петок…

Што се случува во РЕК Битола, врие…

Во моментов огромно полициско присуство има во…

Откако цела Македонија ги виде заканите кон…

Дел од родителите на починатите во трагедијата…