Арсовска : Понудата од моја страна беше дадена, јас работам одговорно, градот е консолидиран
„Не ми е јасно како за 600 евра месечно не може да се гласа за нови автобуси, или за јавна чистота, рече Арсовска и додаде дека таа ќе стави потпис на истото.
„Понудата од моја страна беше дадена, јас работам одговорно, градот е консолидиран, тоа што го имаме е невиден начин на работа, вели градоначалничката и додава дека целта била да се дозаглави јавното претпријатие, а немало нафта поради политика.
„Можам да ви извадам стотици други јавни набавки каде се појавила една фирма и не било спорно, се работи од позиција на моќ“ , вели Арсовска.
Во вска со спорот со претседавачот Трајко Славески таа изјави дека само што рече ми треба мислење од градоначалник, го доби, се што треба е да се стави точката на дневен ред за да почне да се дискутира.
Ниту еден проект кој што е во интерес на граѓаните не го прекинав и нема да го прекинам, за БРТ да се спроведе, мора да има одлука на Совет, вели Арсовска и додава дека била блокирана од советниците, а доказ за тоа е дека од 20 проекти, не бил поддржан ниту еден за Градот Скопје.
Извор: Канал 5 Телевизија
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Парада на гордоста во Скопје на 21…
Шестата по ред Парада на гордоста ќе…
Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…
Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…
Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…
Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…
Изгорел склад за градежни материјали во Скопје
Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…
Невреме со дожд и град го зафати…
Попладнево Скопје беше зафатен од силно невреме…