Арсовска: Потребни се реформи, не можат општините да работат покрупни проекти доколку немаат основни средства за тие проекти

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, која воедно е и претседател на Заедницата на единиците на локалната самоуправа, во вечерашното гостување во емисијата Економски магазин на ТВ Алсат, зборувајќи за функционалната децентрализација на општините, истакна дека мора да има и финансиска децентрализација за да можат општините да преземаат и да работат на покрупни проекти од интерес на граѓаните.

„Повеќе работи треба да се преземат, генерално во делот на реформите, ние доколку сакаме да имаме функционална независност, односно функционална децентрализација, треба да имаме и финансиска децентрализација, затоа што вие не можете да работите покрупни проекти доколку немате основни средства за да работите на тие проекти. Не можете да делите од буџетот којшто е наменет за основните потреби на граѓаните, а да преземате надлежности без за нив да имате соодветно финансиско надоместување“, појасни Арсовска.

Таа направи паралела со сотојбата во регионот, каде персоналниот данок на доход е над 20%, за разлика од состојбатакај нас, додавајќи дека треба да се работи на долгорочно решение кое ќе им помогне на оптините да ги обезбедат услугите за граѓаните

„На вчерашната седница на Управниот одбор на ЗЕЛС разговаравме и ги разгледувавме состојбите во регионот и пошироко во Европа, каде што има примери од дупло, до три пати оовеќе од она што е сега предвидено да се следи кај нас во делот на зголемувањето а што е закон што е во законска процедура и сѐ уште не е поминат. Тоа значи дека доколку и сега го донесеме, ќе биде со некое одложено дејство бидејќи оваа фискална година нема да биде апликабиклен, следи од наредната година. Тоа зголемување од 0,55 е навистина минорно. Со тие средства општините не можат ништо развојно да работат. Особено имајќи во редвид дека навистина се мали сумите. Во делот на персоналниот данок на доход, сега во овој момомент кај нас е 5-6%, а секаде во регионот е над 20%. Значи, треба да размислуваме за нешто кое што е навистина одржливо, коешто ќе им помогне на општините, пред се кое што ќе им помогне на граѓаните во општините да ги добијат услугите коишто ги заслужуваат. Сега во овој момент граѓаните имаат очекувања, и треба да им се појасни на нив дека сега, во овој момент, овие општини имаат навистина сериозни долгување, коешто не е проблем, еве ние сме се нафатиле на работата, ќе ги решаваме, ќе ги решиме проблемите. Меѓутоа, долгорочно, треба да се изнајде решение коешто ќе биде квалитетно одржано, и да ја оправда смислата на постоењето на 81 општина низ Македонија“, потенцираше Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тешка кражба во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…

Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…

(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…

Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…

Се намалува цената на парното во Скопје

Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…

Денеска ќе знаеме колку ќе поскапи парното…

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска на…