Арсовска: Прв рекет пред Новак Ѓоковиќ е Христијан Мицкоски!

t

Рекет број 1 пред Новак Ѓоковиќ е Христијан Мицкоски. Во нашите простори најсакан рекет е Новак Ѓоковиќ, но за жал тој е на второто место после Христијан Мицкоски, истакна на денешната седница на Советот на Градот Скопје градоначалинчката Данела Арсовска.

-Мицковизмот си заминува во историјата, знаат граѓаните која е најкриминалната структура во Македонија.

Несериозно е додека да излезат резултатите од испитувањата на мостот Беласица, да кажувате дека една година ќе треба за коалицијата на Левица и не знам кој друг да се собере и да направи зделка за мост. Несериозно е да се лае кога цела држава знае кој е тој што лаже во Македонија.

Истиот портпарол излезе и рече дека бугарски автобуси ќе возат по градот, каде се бугарските автобуси? Лажевте тогаш, си возат чесни луѓе кои нема да зимаат средства за да потплаќаат партиски војничиња, поздравете го Мицкоски.

Пречистителната станица ќе ја правел атурска фирма, кај се турските инвеститори? Една работа не сте кажале, една теза не ви држи повеќе од еден месец. Една работа не сте направиле да не е криминална, а сте опозиција, замислете некој власт да ви даде какви ќе бидете… – рече Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…

Во Радуша никнува нов парк, но не…

Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари средби…

Борисов: Со Мицкоски сме „сестри“, но и…

Со партијата на премиерот на Македонија, Христијан…

Ѓоковиќ со силна поддршка за српските фудбалери…

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, присуствува…

Агелер: Воодушевена сум што Мицкоски ќе користи…

Откако мандатарот Христијан Мицкоски изјави дека заклетвата…