Арсовска: Пречистителната станица ќе се реализира! Јас излегувам од комфор-зоната за доброто на граѓаните

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во денешното гостување во Телевизија Алсат истакна дека пречистителната станица ќе биде изградена во интерес на граѓаните и дека нема да дозволи некој да ги злоупотребува парите на граѓаните.

– Она кое што јас го истакнав е дека ова е најголемиот еко-капитален проект кој се реализира во регионот и е екстремно неопходно не само за Скопје туку и за Македонија, затоа што со него ќе се прочитсат над 90% од урбаните отпадни води.

Во изминатите 12 месеци се отпочнуваат проекти кои се на барање на граѓаните, ова е еден процес кој отпочнал пред неколку години и сакам да кажам дека за граѓаните тој проект ќе се реализира, но сметам дека треба да се реализира во најдобар интерес на граѓаните!

Тој беше дојден до евалуација на понудите, сега разговараме со банките, МЖСВ и двете институции кои имаат членови таму, од наша страна беше побарано промена од оној момент кога имавме индиции дека се случува нешто таму, сега се завршува фазата на замена на евалуационата комисија.

Се што треба да се направи за граѓаните да добијат пречистителна станира, сите работиме да се реализира.

Ние тоа што го имавме како информација јас го споделив со јавноста но не сакам да бидам ни судија ни обвинител, во Водовод и канализација си влегоа институциите, си обезбедуваат документи. Биле присутни во самото ЈП, почнати се постапките за прибирање на документација и верувам дека треба да се остави на нив.

Тие треба согласно она што го имавме како индиици, а тие постапуваат по допрен глас, да постапуваат по него. Јас не верувам да дозволиме буџетите на граѓаните да бидат оштетени и злоупотребени.

Не сакам да се инволвирам во политикантство, јас како поединец и го кажувам тоа во континуитет, единствената поддршка која ја имам е од граѓаните и тие можат да видат кога некој работи и се бори во систем кој 30 години некој не го променил. Можев да бидам во комотна позиција, да седам таму и да молчам ама како што гледате немам намера да молчам. Граѓаните ценат, тие гледаат секојдневни препукувања. Не е збор на збор затоа што тезите таму секојдневно паѓаат во вода, на прес-конференции три месеци имаат црна кампања. Јас да премолчев на сето ова ќе бев најдобар градоначалник кој Скопје го видел. Јас излегувам од комфор зоната за доброто на граѓаните. Не сметам дека треба да продолжиме вака.

Јас бев човекот кој се одважи, не тие, а логиката кажува, што сметате вие, дека јас која сум во коалиција со граѓаните и од другата страна политички партии, кој сметате дека има реална моќ да влијае на процесите?

Кога јас бев во таа кампања, јас не понудив безрезервна поддршка за кој што сака да прави во овој град. Доколку некој сметал дека ќе има човек кој само ќе седи и слепо ќе се води и ќе потпишува затоа што некој го поддржал, тоа треба да го каже.

Процесот не е загрозен, загрозени се личните интереси.Многу децидно е она што ЕИБ и ЕБРД го истакнуваат, тоа не се базира врз основа на нечија желба, ние сме во иста насока и тука нема конфронтација, напротив некој се обидуваше тие изјави да ги спинува и да пронајде интерес.

Ние сметавме дека овој процес е потранспарентен, ние во овој моммент со МЖСВ, Град Скопје и од ЈП членовите работиме на заедничко решение. Овој проект во ниту еден момент не бил загрозен и ќе се реализира за Скопјани. Парите не се на банките туку на граѓаните, со тие средства нема играње.

Веднаш штом ќе знаеме ние кој е избран како најповолен понудувач, ќе знаете и вие, истакна Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Исчезна девојка од Скопје, имала здравствени проблеми

На 11.08.2024 во 14:00 часот во Полициската…

Царина ќе ги зајакнува контролите и присуството…

Унапредување на процесите на царинење преку унапредување…

ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…

Тешка кражба во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…

Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…