Арсовска: Програмата “За Модерно Скопје” има скоро 300 проекти кои ќе бидат реализирани и покрај сите кризи
Во гостување во утринската програма на Канал 5 телевизија, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, исткна дека во програмата “За Модерно Скопје” има повеќе од 300 проекти на чија реализација се работи и таа верува дека истите ќе се реализираат во целост.
– Имаме програма во којашто има скоро 300 проекти кои треба да се реализираат и намерата е сите да се реализираат. Се надевам дека ќе имаме можност сите да ги реалзираме, но има проблеми, граѓаните тоа го знаат, има енергетска криза, голем дел од сретставата одат на енергенси, на струја, а имаме осветлени улици. Колку и да е голема кризата безбедноста и сигуроста мора да е на прво место. Проблеми секогаш имало но ние сега отпочнуваме со нешто кое 30 години не е мрднато од место, поедноставно е да не отпочнете, кога работите ќе има напади, да не падне рејингот, не може да смените доколку не отпочнете со реформа, не може да дојдете до подоброто, вели Арсовска.
Градоначалничката кажа дека е рано да се размислува за втор мандат и дека приоритет е реализација на ветените проекти.
– Не, искрено има уште три години и сметам дека треба во нив да го испорачам тоа што граѓаните го побараа, да се реализира програмата “За Модерно Скопје”. Мора да се решаваат тие горливи проблеми. Оваа година капитални проекти кои се отпочнуваат, со водовод за седум населени места во Сарај, немале вода за пиење, проектот за Луна Паркот, се заврши проектната документација целосно, добиени се сите дозволи, ќе се отпочне со партерно уредување во тој дел во Градскиот парк, нема да застане ниту еден отпочнат проект, нагласи Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…
Тешка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…
Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…
(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…
Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…
Се намалува цената на парното во Скопје
Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…