Арсовска: Реализиравме над 300 проекти: Имаше луѓе што газат во кал и немале ни вода за пиење!
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во гостување во Топ Тема денеска истакна дека програмата “За Модерно Скопје” ќе биде реализиранаа и дека досега се завршени 300 проекти од истата.
Арсовска нагласи дека не отстапува од бесплатниот јавен превоз.
– Не е невозможно, проблем е што онаа поддршка која треба да ја има во Советот е само декларативна. План има, за првпат ЈСП е консолидирано, минимизирани се трошоците, направено е кратење на непродуктивните трошоци.
Ние отпочнавме да го спроведуваме она што сме го ветиле, ослободени се од плаќање некои категории на граѓани ама ние ја немавме оваа енергетска криза, колку чинеле дериватите лани во ноември, колку сега?
Во другите општини има мрак, во дригите градови има мрак, дали знаете Градот Скопје што прави за да нема мрак? Се правиме за граѓанте да можат да се движат, истакна Арсовска.
Градоначалничката кажа дека има завршени околу 300 проекти во сите општини во Скопје.
– Нешто над 300 проекти, севкупно. Програмата планираме да се реализира во целост, зависи тоа од повеќе фактори, намалување на средства кои биле предвидени, во делот на енергенси одат драстично повеќе средства. Ние отчет имаме и ќе го презентираме пред граѓаните со точни проекти.
Отпочнавме со кружниот тек кај Сарај, најавуван 20 години кој никој не го почна. Отпочнавме со меѓуопштинска соработка за населени места кои немале ни вода за пииење, патот од Сарај кон Матка е отпочнат.
Завршени се 26 улици кои досега не постоеја, луѓето се движеа низ кал и камења во Ѓорче Петров. Ниеден проект кој е затекнат од претходно не е застанат, истакна Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…
Тешка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…
Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…
(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…
Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…
Се намалува цената на парното во Скопје
Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…