Арсовска: Секој кој ќе нема резултати ќе заврши како послушниците на Мицкоски

t

Во гостување во вестите на Канал 5 телевизија, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска посочи дека секој кој нема да испорача соодветни резултати треба да понесе одговорност и дека нема да дозволи политичко влијание во Градот Скопје.

– Верувам дека сите граѓани знаат дека јас политичар не сум и во интерес ми е да се реализираат проектите кои се ветени во програмата, во интерес на сите граѓани. Доколку резултатите не се на задоволително ниво нормално е дека ќе има реакции и дека ќе има одговорност и ќе се понесе одговорност.. Во конкретниот случај имавме конкретна работа за која имаше индиции дека се случува влијание во постапка на еден милионски тендер односно јавна набавка за кој имавме реакција во јавноста вчера.

Секој има одговорост пред се’ пред граѓаните, таа доверба која ни била дадена не смее да се изневери, јас сум избрана на овие локални избори непосредно од скопјани и нивната доверба не смеам да ја изневерам.

Тоа не значи дека треба некој кој не испорачува резутати, не е транспарентен и не си ги завршува работите кои треба да ги заврши, да биде толериран. За нас како Град Скопје е важно оние лица на кои им имаме дадено таква одговорност да ги водат јавните претпријатија да ги испорачуваат тие резултати што од нив се очекуваат, доколку таа релација не е на задоволително ниво тогаш одговорноста треба да се понесе како што е понесена, вели Арсовска.

Градоначалничката Арсовска во изминатите два дена ги разреши поранешниот директор на ЈП “Водовод и канализација”, Златко Перински и поранешниот секретар на Град Скопје, Ѓоко Велковски поради самоволие и несоодветно постапување во тендерска постапка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…

Во Радуша никнува нов парк, но не…

Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари средби…

Борисов: Со Мицкоски сме „сестри“, но и…

Со партијата на премиерот на Македонија, Христијан…

Агелер: Воодушевена сум што Мицкоски ќе користи…

Откако мандатарот Христијан Мицкоски изјави дека заклетвата…

ВМРО доби поддршка за реорганизацијата од Ахмети,…

Зијадин Села и неговите пратеници, кои се…