Арсовска се поклони пред гробот на Делчев: Наша задача е да го чуваме и негуваме делото на Апостолот
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денес оддаде почит на македонскиот револуционер Гоце Делчев, по повод 150 годишнината од неговото раѓање.
„Труд и постојамство, тоа е силата, со помош на која човек станува највелик при секоја иницијатива.“, зборовите на Делчев, учителот, визионерот, апостолот на македонското револуционерно дело, еден од најистакнати македонски херои и борци за независна и слободна Македонија.
Денеска одбележуваме 150 години од раѓањето на Гоце Делчев како една од најзначајните личности во македонската историја. Во името на Градот Скопје положивме свежо цвеќе на неговото спомен почивалиште. Наша задача е да го чуваме и негуваме неговото дело, кое останува врежано во колективната меморија на македонскиот народ.” – стои во објавата на Арсовска на нејзиниот Фејсбук профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Парада на гордоста во Скопје на 21…
Шестата по ред Парада на гордоста ќе…
Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…
Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…
Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…
Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…
Изгорел склад за градежни материјали во Скопје
Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…
Невреме со дожд и град го зафати…
Попладнево Скопје беше зафатен од силно невреме…