Арсовска: Се решава проблемот со јавниот превоз во Скопје!
Во врска со проблемите со јавниот превоз во Скопје и приватните превозници, градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, во утринската програма на Канал 5 телевизија истакна дека беа понудени нови можности, нов повик за сите кои сакаат да работат чесно и дека се решава проблемот со јавниот превоз.
– Едноставно е, ова е дел од тој систем кој кажувам дека мора да се воспостави. Свесни сме дека има недостатоци но дали било некогаш подобро? Имало ли период кога сме биле без недостатоци?
Пред 5-6 месеци имаше секојдневни поплаки од граѓаните од Шуто Оризари дека автобусите воопшто не доаѓале, немало автобус со денови, не да касни два часа автобусот, затоа што тој систем не функионирал, се возело спртивно на договорот, паднале под 80% од исполнување на обврските на договорот.
Тие сами си го раскинаа договорот практично со неисполнување на обврските, ние ќе покажеме дека може подобро. Скопје треба д функционира со јавен превоз и тоа е примарна функција на ЈСП. Имаше голем број на манипулаци, кажуваа дека само што не дошле бугарски автобуси да возат низ градот и турски инвеститори, тоа се лаги од центри на кои им е нарушен комодитетот.
Сега ќе се набават нови еко-автобуси, нови сообраќајни решенија, да нема застој во сообраќајот, еден од нив е целосна реформа на ова што го имаме во делот на јавниот превоз. Тоа не се постигнува за еден ден, објасни Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тешка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…
Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…
(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…
Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…
Се намалува цената на парното во Скопје
Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…
Денеска ќе знаеме колку ќе поскапи парното…
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска на…