Арсовска се сретна со градоначалничката на Драч, Емиријана Сако

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска оствари работна средба со градоначалничката на Драч, Емиријана Сако на која се разговараше на повеќе теми за меѓусебна соработка на двата града, размена на искуства, како и отпочнување конкретна соработка.

Како што информираат од Град Скопје, на средбата разговараа за  потенцијалниот раст на трговската размена во сегментот на туризмот, соработка во областа на образованието и културата.

Воедно, на средбата беше договорена соодветна динамика што води кон конкретна соработка за имплементација на проекти кои се од заемен интерес на двата града, а која започнува со посета на делегација со претставници на релевантните сектори од двата града.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Во живо) „Цела Влада оставка!“ – Младите…

Со 20-минутен молк продолжува протестниот марш, граѓаните,…

Кој се плаши да види колку народ…

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните…

Марш за одговорност и безбедност во Понеделник…

Инстаграм профилот „Кој е следен“ повика на…

Седум локации – МВР забрани да се…

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните…

Авион на грчкото воено воздухопловство вечерва од…

Со авион Ц-27 на грчкото воено воздухопловство…