Арсовска: Се утврдува дали мостот “Беласица” има оштетување, прашањето е кој пали и предизвикува хаотични ситуации во Скопје?!
Несериозно е да излегувате и да создавате паника кај граѓаните врз основа на окативна проценка дека мостот е оштетен, вели градоначалниката Данела Арсовска во гостување во Топ Тема вечерва.
Градоначалничката објасни дека во тек е проверка на мостот “Беласица” која се врши од стручни тимови и на соодветен начин и истиот ќе биде пуштен во употреба кога ќе се утврди дека е безбеден за граѓаните.
-Излегоа на терен тимови на ОЈО, Дирекција за заштита и спасување, ЦУК и слично. Додека не се приберат сте докази за да се знае кој го предизвикал пожарот, ние не можеме да постапуваме и да сакаме.
Прашањето е кој пали во Град Скопје и кој предизвикува хаотични ситуации, во седум дена имавме два случаи, беа исечени кабли на мост во Влае.
Ние пред неколку дена добивме зелено светло дека може да постапуваме, ќе се докаже дали и какво е оштетувањето ако воопшто го има тој мост. Тоа не треба да трае повеќе од дваесетина дена и тогаш мостот со некоја ситна санација ќе биде пуштен во употреба, но само кога ќе бидеме сигурни дека тој е безбеден и сигурен за граѓаните, вели Арсовска.
Претходно денеска Инфомакс објави дека според наши информации пожарот на мостот „Беласица“ бил подметнат, а обвинителството отворило предмет против непознато лице поради предизвикување на општа опасност.
Повеќе детали на линкот во продолжение:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…
Тешка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…
Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…
(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…
Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…
Се намалува цената на парното во Скопје
Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…