Арсовска: Советот го блокира проектот за бесплатен јавен превоз во Скопје!
Бесплатниот јавен превоз е директно поврзан со набавката на нови автобуси, тоа треба да го гласаат советниците, не само за новите автобуси туку и за бесплатниот јавен превоз. Минатиот буџет имавме проблем со скратените дотации од центалната власт, ЈСП мора да функционира со одржување од страна на градот, тој нема сопствени извори на приход, за да има бесплатен јавен превоз советниците треба да го гласаат, вели во денешното гостување во Канал 5 телевизија, градоначалничката Данела Арсовска.
Советниците блокираат набавка на нови еколошки автобуси на ЈСП, не само што не гласаат сега има и преседан да не ја става претседателот на советот на дневен ред. Им беше понудено сами да ги изберат банката, условите за кредитот, условите за набавката. Авотбусите треба да бидат со соодветни еколошки стандарди, треба да се има автобуси кои ќе имаат помали трошоци за одржување и нивната потрошувачка да не биде преголема, има разлика меѓу ново и старо возило. Автобусите ќе бидат брзи, сигурни, безбедни, со клима уреди, да имаат граѓаните комфорно патување дури и тие кои не користат јавен превоз, да почнат да користат. За тоа се потребни 250 автобуси, БРТ има триесетина автобуси во една и во друга фаза. Ние имаме град кој постојано расте, неофицијално над 900.000 граѓани жиеват тука и за нив треба да се реализираи работи не да има политиканство и препукување, вели Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…
Тешка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…
Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…
(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…
Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…
(Видео) Повторно се запали автобус на ЈСП
Автобус се запали во скопската населба Бутел…