Арсовска со жесток одговор на лагите и манипулациите на Костовски: Ја штити урбаната мафија и луѓе кои узурпирале државно земјиште – прави се за да не се реализа програмата која победи на локалните избори
Должиме одговор на низата лаги и манипулации од партиската кујна на ВМРО-ДПМНЕ вака градоналничката, Данела Арсовска ја започна денешната прес-конфернција поврзана со изградбата на нов крак на улицата „Боца Иванова која ќе прерасне во булевар.
-Проектот за изградба на булеварот „Боца Иванова“ во општина Бутел е еден од клучните проекти на програмата „За Модерно Скопје“, програма за која гласаа 120.000 граѓани жители на градот Скопје. Огромен број од овие граѓани се жители токму на општина Бутел, кои самите го истакнаа овој проект како клучен за нив. Оттука, морам со индигнација да ги отфрлам лагите кои последниве неколку дена ги изнесе градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски, вели Арсовска.
Таа напоменува дека се работи за капитален проект за изградба на целосно ново булеварско решние.
-Се работи за капитален проект за изградба на целосно ново булеварско решение, кое вклучува изградба на нова водоводна и атмосферска мрежа како и ново улично осветлување. На булеварот се проектирани и велосипедска патека, пешачка патека и соодветно партерно уредување по целата негова должина, додава тој.
Што се однесува до земјиштето на кое треба да се гради булеварот истото е во целост сопственост на државата, а во дел од локацијата каде треба да се гради жителите узурпирале државно земјиште.
Булеварот се простира на државно земјиште, но сепак, во еден дел од трасата каде што треба да се изгради овој булевар постојат десетина семејства кои ги прошириле своите дворови на тоа државното земјиште врз кое е предвидена изградбата на овој булевар, а со тоа и го узурпирале земјиштето, што според член 225 став 1 од Кривичниот законик на Република Македонија е казниво дело. Градот Скопје нема намера да врши кривичен прогон на граѓани, но сакам да апелирам до граѓаните во овој дел на општина Бутел да не потпаѓаат под политичките игри и манипулации на политиканти кои се обидуваат да ги инструментализираат во својата нечесна политика. На крајот, одговорноста за узурпацијата на земјиштето нема да биде на градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски, туку на оние кои го узурпирале земјиштето, потенцира Арсовска.
Арсовска одговори на прес-конференијата и директно на обвинувањата на костовски врзани за изградбата на овој булевар.
-Што се однесува на обвинувањата на Костовски, врзани за изградба на овој булевар, бидејќи на таа локација требало да се градат некакви згради, јавноста треба да се запознае со фактите, а градоначалникот да не напаѓа други за нешто каде тој е единствено одговорен и надлежен. Деталниот Урбанистички план на општина Бутел со кој се предвидува изградба на седум згради кои излегуваат на булеварот „Боца Иванова“ го направил тогашниот градоначалник Петре Латиновски, а го изгласале во 2015 токму советниците во советот на општина Бутел од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Овој ДУП за изградба на 7 згради кој го изгласале токму од ВМРО-ДПМНЕ е се уште на сила и во ниту еден момент во оваа измината година Дарко Костовски не реагирал да ги поништи овие 7 објекти ниту на вцртувањето на нови згради во Бутел, додава тој.
Арсовска открива дека токму ВМРО-ДПМНЕ дозволило и впишало во ДУП-от на таа локација изградба на седум нови згради.
-Ова значи дека, ВМРО-ДПМНЕ не само што дозволиле да се впишат за изградба седум згради на овој булевар, туку тие и го донеле планот за изградба на овие згради. Кога сме кај политиканството и ноторните лаги на Костовски и ВМРО-ДПМНЕ, апелирам да одговорат, дали е точно дека токму тие ги промовираа проектите од програмата „За Модерно Скопје“ и се фотографираа со граѓаните на кои им ветуваа дека програмата во целост ќе биде реализирана, вели Арсовска.
„Кога лаже Костовски, сега кога им кажува на граѓаните дека ќе можат да продолжат да узурпираат државно земјиште или кога вели дека барал глас повеќе за програмата за модерно Скопје во која едно од важните ветувања е дека ќе се изгради овој булевар?
Јас на тоа ветување стојам, и планирам во целост да ја реализирам програмата која ја избраа граѓаните.
Како градоначалник на градот Скопје го држам за збор градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски кој пред неколку дена изјави дека ќе го поништи актуелниот ДУП со кој се предвидува изградба на седум згради. Доколку навистина се залага против урбаната мафија како што кажа, ќе го реализира тоа што го вети и просторот ќе го пренамени за изградба на нов, модерен парк со содржини за спорт и рекреација.
Дополнително, апелирам градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски да го ревидира деталниот урбанистички план со наслов ССИ-Блок 7 со кој се предвидува изградба на четири згради, од кои две се 8-катници со висина од 27 метри и тоа на простор кој сега е зелен појас.
Очекувам дека и овој ДУП, Костовски како совесен градоначалник кој се грижи за здравјето на своите сограѓани, промовира хумано живеење и неселективна борба против урбаната мафија ќе го поништи.“, се вели во соопштението на Данела Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иранската хакерска група „Homeland Justice“ ѝ се…
Во екот на ескалацијата меѓу Иран и…
Драма во Лазарополе: Баран криминалец фрлал предмети…
На 21.06.2025 во 21.30 часот во Полициското…
Иранската револуционерна гарда испрати предупредување до американските…
Иранската револуционерна гарда испрати предупредување до американските…
Трамп повторно проговори за нападот врз Иран
По американскиот воздушен напад врз три ирански…
Иранскиот претседател вети одговор на нападот на…
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска вети „одговор“…