Арсовска: Со оваа енергетска kpиза сме соочени сите и нeопходна е национална стратегија со цел да им се помогне на сите категории граѓани

t

Да можеше градот да креира енергетски и економски политики, ќе ги креираше и изготвеше до сега. Она кое беше отпочнато во преземање на дел од ингеренциите на Градскиот енергетски систем како претпријатие за жал не успеа да добие лиценца од страна на Регулаторната комисија за енергетика и истото е сега во овој момент во спор. Се надеваме по разрешувањето на оваа состојба ќе има конкретно решение и таа лиценца ќе биде добиена, меѓутоа, до тој момент градот, како и останатите општини немаат никакви ингеренции над она што се случува. Неопходно е да се најдат начини како систематски да се помогне на целото општество, меѓутоа тука не се работи само на корисниците на парно греење, се работи и за субвенционирање на локалните власти, се работи за помош и на јавните претпријатија, како и за субвенционирање на домаќинствата и на приватниот сектор. Со оваа енергетска криза сме соочени сите и верувам дека неопходно е на национално ниво да има една стратегија и да има начин како преку одредени мерки кои ќе се помогне на сите категории на кои им е неопходно во овој момент, изјави градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во вечерашното гостување во дебатната емисија Топ Тема на телевизија Телма.

Арсовска во своето излагање истакна дека за разлика од останатите земји кои започнале со носење на национални мерки за ублажување на енергетскиот и ценовен шок со кој би се соочила државата и граѓаните, во нашата земја се доцни со соодветни и навремени мерки поради неколку фактори кои ги наведе таа.

– Следиме што се случува во земјите не само во регионот, туку и низ цела Европа и она кое што го видовме од примерите низ контактите со останатите земји е дека уште од 15 септември преземаат генерално национални мерки со коишто би успеале да го амортизираат ценовниот шок којшто се случува насекаде, а кај нас е можеби едно затоа што бевме сред избори, а второ затоа што и сега сме во вакви политички турбуленции и вакви мерки застануваат, вели Арсовска.

Според Арсовска, неопходна е национална стратегија која што ќе ги обедини сите фактори и ќе понуди решенија со кои ќе им се помогне на сите на коишто тоа им е неопходно. Таа се осврна и на спорот за Градскиот енергетски систем (ГЕС), истакнувајќи дека е едно од можните решенија, но не во овој момент бидејќи е за истиот систем се води управен спор.

– ГЕС треба да е едно од можните решенија, меѓутоа не во овој момент затоа што регулаторната комисија за енергетика не ја даде потребната лиценца. За оваа лиценца во моментов се води управен спор и се до разрешница на оваа ситуација за жал, ниту градот ниту пак која било од другите општини има било какви ингеренции на она што се случува на пазарот, особено во делот на топловодната мрежа, односно на делот на парното греење. Таму има три компании во овој момент кои што самостојно, автономно ги носат своите деловни одлуки и тие се оние кои одлучуваат, а Регулаторната комисија е таа која што треба да ја изврши контролата во овој дел и дека треба да се помогне, потенцираше градоначалничката Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АХВ: Водата во Скопје е безбедна за…

Инспекциските служби на Агенција за храна и…

Од март директна авиолинија од Скопје до…

Од март ќе биде воведена директна авиолинија…

БРАВО! Скопјани ќе добијат вода за неколку…

Во завршна фаза се активностите за санација…

Од вечер повеќе од половина од Скопје…

Од 22 часот денеска, повеќе од половина од Скопје…

Штедете и гответе оброци што не бараат…

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во пресрет…