Арсовска со честитка за 11 Октомври: Наша обврска е да продолжиме да ја градиме Македонија!

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народноослободителното востание, почетокот на антифашистичката борба во Македонија.

– Денес одбележуваме 81 година од почетокот на антифашистичката борба за ослободување на македонскиот народ и борбата за победа над фашизмот во Втората светска војна, денот кога во 1941 година започнало народното востание. Овој ден е повод да оддадеме почит на сите борци кои придонеле за слободата, независноста и сувереноста на македонската држава.

Наша обврска е да продолжиме да ја градиме Македонија како самостојна, независна и демократска држава, да придонесеме да биде достоинствено и просперитетно место за живот на сите граѓани.

Нека е честит 11 Октомври Денот на народното востание на македонскиот народ ! – напиша Арсовска на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…