Арсовска спречи катастрофа – Со БРТ Шилегов ќе го оставеше Скопје без вода
Од ВМРО-ДПМНЕ со соопштение за планираниот БРТ систем. Велат, не бил адекватно осмислен.
Соопштението го пренесуваме во целост:
– „БРТ превозот не е адекватен за Скопје, а аматеризмот при планирање ќе го загрозеше водоснабдувањето на градот.
Планираната траса на БРТ превозот беше аматерски осмислена да се движи над главната водоводна цевка која се наоѓа во зелениот појас помеѓу двете коловозни ленти на булеварот. Водоводната цевка не е заштитена и поставувањето на коловоз над неа без дополнителна заштита за кој во овој случај се потребни дополнителни 20 милиони евра ќе предизвикаше хаварија.
Дополнително пред да се постави коловозот за БРТ транспорт мора да се изнајдат решенија за пристап до водоводната цевка без затоа да треба да се ископува целата евентуална траса и затоа Скопје да нема ниту вода, ниту јавен транспорт со часови или денови.
Вака осмислениот транспорт беше без конкретен план за голем број на странични проблеми како што е тој со водоснабдувањето.
За разлика од со Шилегов. Скопје ќе добие ефикасен јавен транспорт.“ – Пушува во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Парада на гордоста во Скопје на 21…
Шестата по ред Парада на гордоста ќе…
Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…
Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…
Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…
Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…
Изгорел склад за градежни материјали во Скопје
Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…
Невреме со дожд и град го зафати…
Попладнево Скопје беше зафатен од силно невреме…