Арсовска: Терате политика на грбот на народот! Мицкоски и мицковистите се рак-рана на ова општество
Додека луѓето мрзнат надвор вие си терате политика на грбот на народот, а и Мицкоски не знае да пресмета дека во буџетот има 10, а не 30% за плати, истакна градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на денешната вонредна седница на Советот на Град Скопје.
– Сѐ што кажавте, сѐ излажавте, еден збор што ви излезе од уста денес не беше вистина и многу ми е жал што мора да ве трпат граѓаните и што луѓе надвор на ладно чекаат, а вие си терате политика.
Свесно креирате криза за да плукате дека некој не чини, па да доаѓате како некои месии за да го решите проблемот.
Еве синдикатите се позади, секој знае дека декемвриската плата се исплаќа во јануари, а ноемвриската плата е исплатена и вие порано да ги изгласавте овие точки немаше да има никаков проблем со ниту едно претпријатие. Да си го заработевте паушалот на 28 декември согласно праксата години наназад, а кога како опозиција на СДСМ сте им ги гласале точките, за сега како власт да не гласате.
Лажете дека 35% од Буџетот оди на плати, тука треба вашиот претседател на партија кој математички прецизно ви пресметал 35% одма да си даде оставка оти и математиката не му оди. Оваа институција има најниски трошоци за плати има во цела држава од институциите од ваков вид, само 10%.
На цела држава ѝ е јасно дека лажете од прв ден до сега, за истиот извештај сте гласале и сте кажувале дека е најдобар кога ви одговараше директорот. Македонската јавност гледа, ова на сите им е јасно што се случува, континуирано лажете, една работа не сте ја истерале до крај.
За првпат дел од јавните претпријатија немаат субвенции за потешкотии во работењето, првпат од своето постоење, на пример Паркови и зеленило. Ама вашиот директор во Флораком не му е тоа јасно, четири месеци не поделил плата, терате политика на грбот на граѓаните, да сакавте да покажете конструктивност на прво влегување ќе заќутевте и ќе изгласавте и да си тера работа градот.
Сите овие точки кои секогаш се гласале, требаше да си ги изгласате. Не можете да се правите недоветни, не седат тула само луѓе кои се првпат советници.
Управните одбори се ваши, 500 членови на управни и надзорни одбори, тие си ги земаат паушалите. Не ви одговара ни тоа што во времето на вашите градоначалници имало 200 вработувања повеќе, во времето на другите 300 вработувања, а наспроти тоа минималните плати се зголемени од 9.000 на 21.000 денари. Затоа што заслужуваат, како нивото на субвенции да биде исто на зголемени енергенси и иплати. Математички прецизниот Мицкоски нешто не ви пресметува добро, дајте искоординирајте се. Ова е подигрување, луѓето надвор сегат на ладно чекаат да си терате политика на нивен грб.
Буџетот е најразвоен досега. Има капитални инвестиции кои сте ги ветувале вие 20 години, а сега за првпат се реализираат. Дали знаете што е развоен буџет, отворете некоја книга прочитајте што е. Ако сте имале удел во програмата За Модерно Скопје минимум што треба да правиш тука е да ја браниш, гласајте за бесплатни автобуси. Не се срамите за автобусите, за платите, за луѓето што не возат денеска? Грам одговорност имате ли?
Најголемата рак-рана на ова општество е Мицкоски и вие мицковистите, рече Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…
Во Радуша никнува нов парк, но не…
Тешка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…
Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…
(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…
Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…
(Видео) Повторно се запали автобус на ЈСП
Автобус се запали во скопската населба Бутел…