Арсовска: Цементраницата Титан-Усје е прва, но нема да биде последна кривична пријава доколку загадувачите не се освестат -Никој не смее да ги игра со животот на граѓаните!
Кривичната пријава за Цементарницата Усје е прва кривична пријава за загадувач, но нема да застанеме тука, ќе одговара секој кој ги труе граѓаните, вели градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во денешното гостување во утринската програма на Канал 5.
За цементарницата Усје таа нагласи дека ова не се прекршоци сторени во неколку денови туку години наназад Усје постојано ги труела граѓаните 24 часа, седум дена во неделата.
– Не се работи за погон кој работи неколку часа во текот на денот туку работи цела година 24 часа без прекин и кој доколку оваа емисија не успее, а не успеале да ја прилагодат, а имаме Закон кој е на сила кој им давал можност за тоа, не го испочитувале досега сметаме дека она со кое сме соочени е сериозно особено имајќи предвид дека бевме иницијатори и присутни при мерењата и сметаме дека е крајно сериозно тоа што беше констатирано.
Мора да се интервернира и да се научи дека не смее да се игра со животот на граѓаните, а единствен начин за тоа е да има одговорност. Сега треба Обвинителстото да се одважи, ние поднесовме кривична пријава, вели Арсовска.
Според неа евидентно е влијанието на луѓето кои сега се засеганти од оваа ситуација, а кои ги искористуваат сите можни механизми за да се спасат од одговорност и да продолжат со својот бизнис.
– Сметам дека можете да видите дека кога се работи за некој кој е така сериозен се гледа нивното влијание, се јавија луѓе кои не знам како можат да дозволат да бранат ваков загадувач, најголем дел од нашите граѓани не сакаат да живеат во загаден град и дека сакаат здрава животна средина. Ако нема начин да се дислоцираат треба да си ги прилагодат стандардите.
Ској треба да го знае ова, имаше повеќе пати направени мерења и се утврдени прекршоци, истото го потврди и Министерството за животна средина. 121 наспроти 50 колку што е дозволено покажаа мерењата, ова е два и пол пати повеќе од дозволеното и континуирано се испушта во воздухот цела година, секој ден, секој час.
Ова не е единствениот загадувач ниту ќе застанеме тука, меѓутоа треба од некаде да се отпочне. Имаме и позитивни примери кај индустриски капацитети кои сериозно инвестирале во ова и се прилагодиле на екоолошките стандарди.
Морам да потенцирам дека на 80% од поплаките од граѓаните беа токму од околината на Усје, истакна Арсовска.
Градоначалничката вели дека нормално е да има притисоци кога за првпат после 30 години некој се решил да воспостави систем и да им го урне комфорот на поединци кои ја искористувале анархијата во системот.
– Наназад 30 години сите знаеме кога имате воспоставен систем да го смените, секој вика јас ли да почнам, тешко ќе биде, гледате што се случува , секојдневно наидуваме на стотици напади а тоа е затоа што луѓето не сакаат да се менуваат, има луѓе кои се научени на привилегии, на корупција, да не изгубат од она што го имале добиено. Вие не можете ова да го замените за еден ден ама отпочнуваме и ја бараме поддршката од граѓаните и го сакаме најдоброто за сите нас.
Отпочнавме цел сет на комплеметрани мерки и ова е еден од тие. Ако не почнеме од некаде, ништо нема да се смени, За првпат се покренува ваква постапка и се надевам дека ОЈО ќе преземе нешто, ова е сериозно спремена кривична пријава базирана на мерења кои се веќе потврдени.
Морам да напоменам дека од страна на Минситерството за животна средина на нашето барање излегоа во пресрет, имаме ваква можност како локална самоуправа веќе да настапуваме заедно со нив, ги користиме сите механизми кои се на располагање.
Морам да повторам дека ова треба да биде пример кој ќе ги освести сите останати индустриски капацитети и загадувачи, а понатаму ние како локална самоуправа се ќе направиме во рамки на нашие капацитети за поквалитетна животна средина.
Ние за првпат казнуваме, има сериозни казни над 80.000 евра, исчистивме диви депонии, ако некој континуирано не сака да ги елиминира овие недостатоци ќе следува и кривична одговорност.
За првпат отпочнавме со детекција на сите потенцијални загадувачи кои би требало да бидат вметнати во регистар, во изминатите 30 години во нив има само 30 Б интегрирани дозволи, а најголем дел се внесени во 2022 година и тие можат да се контролираат,. Ние детектиравме листа од над 1000 вакви потенцијални загадувачи.
Секаде каде што ќе добиеме поплаки од граѓаните да се излезе на терен да се утврди, ние во рамки на нашите надлежности ќе постапиме.
Тоа што ги исполнила условите денеска не ги амнестира за тоа што се случувало досега, да не биле фатени ќе продолжиле да работат така. Тука се работи за прилагодување на ова конкретно мерење на азотните оксиди кои се испуштани, а чија гранична вредност е 350, а утврдени биле 711. Морало да го прилагодат своето работење, вели Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕКСКЛУЗИВНО: ПУКАЊЕ ВЕЧЕРВА ВО ЧЕНТО, ЕДНО ЛИЦЕ…
Пукање вечерва ги потресе жителите на Ченто,…
Делови од Скопје вечерва се без струја
Поради испад на трафостаницата „Запад”, жители на…
Исчезна девојка од Скопје, имала здравствени проблеми
На 11.08.2024 во 14:00 часот во Полициската…
Царина ќе ги зајакнува контролите и присуството…
Унапредување на процесите на царинење преку унапредување…
ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…