Арсовска ќе им ги продолжи договоpите на лицата врaботени на определено време

t

Доколку Советот на Град Скопје на претстојната седница ја прифати Предлог-одлуката за одобрување финансиски средства за вработување на определено време за 2022 година, во Градот од први јануари ќе се вработат 109 луѓе на различни позиции, преку приватни агенции за вработување за период од една година. Практично станува збор за истите луѓе кои и досега работеле, но им се продолжуваат договорите за работа.

Во образложението на предложената одлука, чиј предлагач е градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, се вели дека согласно законите договорите за вработување на определено време може да се склучат само ако институцијата обезбедила согласност дека се обезбедени финансиски средства од органот надлежен за давање на согласност на годишниот план за вработување на институцијата во однос на буџетот. Притоа се објаснува и потребата од предложените вработувања.

Заради редовното функционирање на процесот на работа во секторите во Град Скопје, зголемен обем на работа, замена на привремено отсутни вработени поради подолготрајни боледувања или други отсуства, тековни пензионирања и други форми на престанок на вработување, за периодот што следи, се наложи потребата од извршување на работи и на слободни или испразнети работни места. Еднa од законските можности за нивно пополнување е преку нови вработувања на лица на определено време преку приватни агенции за вработување, на начин, под услови и во постапка предвидена со закон – пишува во образложението на предложената одлука.

Во Предлог – Буџетот на Град Скопје, кој исто така треба да се разгледува на седницата на Советот на 29 декември, предвидени се и трошоците за привремени вработувања за наредната година, кои изнесуваат 42 милиони денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тешка кражба во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…

Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…

(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…

Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…

Се намалува цената на парното во Скопје

Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…

Денеска ќе знаеме колку ќе поскапи парното…

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска на…