Арсовска: Ќосето е синоним за правда! Секој кој се огрешил треба да си одговара еднакво!
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска вчеравечер во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека наскоро се очекува да се врати споменикот на Андон Лазар – Ќосето.
На прашањето зошто толку се инсистирало, Арсовска вели дека тој е синоним за праведност.
– Зошто инсистирање? Затоа што тој човек и порак тоа што е доста контроверзен, сепак е синоним за праведност, правичност, правда и за неселективно постапување. Секој кој ќе се огреши, треба да одговара еднакво, тоа е синоним на праведност, на правичност, на правда и тоа е нешто што ни треба денеска. Тоа е една флоскула која ја зборуваат политичарите, а 30 години не исполнуваат. Затоа се иселуваат младите од Македонија, не само од економски причини како порано, туку затоа што нема систем, сигурност, вели Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Арсовска: Ќосето е синоним за правда! Секој…
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска вчеравечер…
АИРЛИЈА! Арсовска го враќа споменикот на Ќосето!
Неправдата конечно е исправена. Со 23 гласа…
“Лажен мицковистички патриотизам”: “Шпицниот” наместо капитални проекти…
"Шпицниот" градоначалник наместо да отвора капитални проекти…
БРАВО: Арсовска поднесе иницијатива за враќање на…
Денес доставив иницијатива до Советот на Град…
Општина Центар не дозволува споменикот на Ќосето…
Општина Центар експресно го одби барањето на…