БРАВО: Арсовска поднесе иницијатива за враќање на Ќосето!
Денес доставив иницијатива до Советот на Град Скопје за повторно поставување на спомен обележјето на македонскиот револуционер Андон Лазов Јанев – Ќосето, соопшти градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
-Спомен обележјето ќе добие нова локација која ќе се наоѓа на крстосницата помеѓу булеварот „Александар Македонски“ и булеварот „Беласица“ североисточно од кружниот тек.
Се работи за исклучително важна историска личност и еден од најголемите македонски револуционери чиј споменик неправедно и шверцерски беше отстранет од претходното градско раководство.
Нема да дозволиме споменикот на македонскиот револуционер да рѓосува по магацини, затоа апелираме час поскоро оваа точка да биде ставена на дневен ред во Советот на Град Скопје и веднаш да биде изгласана.
Ова е уште еден начин да ја исправиме неправдата и да се оддолжиме на луѓето кои го дале својот живот за независна и суверена Република Македонија, да ги паметиме и чествуваме хероите од кои ниту еден не смее да биде заборавен. – напиша Арсовска на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По пет години пауза, од 1 април…
Македонските патници од 1 април 2027 година…
Авион што летал од Германија за Турција…
Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…
Скопјанец снимен како од камион истура градежен…
50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…
Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…
Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…
Во Скопје посебен сообраќаен режим поради посета…
Посебен режим на сообраќај ќе има денеска…