Астрит Исени и официјално ја презеде функцијата заменик-министер во МВР

t

Проф.д-р. Астрит Исени и официјално ја презеде функцијата заменик-министер во Министерството за внатрешни работи. Со преземање на функцијата, заменик министерот ја изрази својата длабока и максимална посветеност во неговата работа и неговиот придонес  во држување на јавниот ред и мир, со цел нашите граѓани да се чувствуваат заштитени и безбедни.

,,Чест ми е што ја преземам оваа важна одговорност и ветувам дека ќе работам за доброто на нашите граѓани”, нагласи г. Астрит Исени.

„Мојот придонес како заменик министер ќе биде важен во подобрувањето и унапредувањето на услугите што ги нуди Министерството за внатрешни работи, одржувањето на јавниот ред и мир, блиската соработка со другите институции и со сите релевантни европски и меѓународни организации поврзани со безбедносни прашања”.

Заменик министерот ја изрази својата решеност ефикасно да ги исполни своите должности во соработка со неговите соработници, како и со сите заинтересирани страни за постигнување на заеднички цели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Арсовска: Еве како МВР постапува кога некој…

Читај народе, како МВР постапува ВЕДНАШ кога…

СДСМ: МВРО-ДПМНЕ на старите патеки, набавуваат сомнителен…

ВМРО-ДПМНЕ повторно се враќа на старите патеки,…

Левица: Потценувачки и деградирачки услови за работа…

Незавидната положба во која се оставени припадниците…

(Видео) Родителите на загинатите во ПУЛС го…

Оти вие не знаете, на сета мака…

(Видео) НЕ ГИ ШТИТЕТЕ УБИЈЦИТЕ, НЕ СМЕ…

Не сме глупави, нема да молчиме, не…