Објавено на:

АТП контра организаторите на Вимблдон: Да се дозволи настап на руските и белоруските спортисти!

t

Здружението на тениски професионалци (АТП) изрази вечерва несогласување со одлуката на организаторот на најпрестижниот грен – слем турнир Вимблдон да им забрани настап на руските и белоруските играчи поради инвазијата врз Украина.

-Нашиот спорт се гордее со функционирањето врз принципите на заслужен и фер успех каде играчите се натпреваруваат како поединци и го обезбедуваат својот настап на турнирите врз основа на постигнатите резултати. Веруваме дека денешната еднострана одлука на организаторите на Вимблдон и Британската тениска федерација не е фер и постои можност дека ќе постави темел за разорен преседан, соопшти АТП.

Во соопштението, како што пренесува агенцијата Бета, се нагласува дека одлуката за исклучување на руските и белоруските тенисери е во спротивност на договорот меѓу АТП и Вимблдон.

-Дискриминацијата врз национална основа, исто така, претставува кршење на нашиот договор со Вимблдон според кој настапот на играчите на турнирот се базира исклучиво врз постигнатите резултати. Притоа, важно е да истакнеме дека руските и белоруските тенисери и натаму ќе можат да настапуваат на АТП турнирите без национални обележја. Паралелно со тоа, ќе продолжиме со хуманитарната поддршка за Украина, порача АТП.

Во ланското издание на Вимблдон, рускиот тенисер Данил Медведев играше во полуфиналето, додека настап меѓу четирите најдобри во женска конкуренција обезбеди Белорусинката Арина Сабаленка. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Громогласен аплауз: Кејт Мидлтон пристигна на…

Принцезата од Велс, Кејт денеска се појави…

Астрономски цени на билетите за финалето на…

Ден откако беше познато дека Новак Ѓоковиќ…

Барбора Крејчикова од Чешка е новата кралица…

Барбора Крејчикова ја освои историската прва титула…

Кејт Мидлтон утре ќе присуствува на машкото…

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон утре ќе…

Ѓоковиќ: Бомби ми паѓаа над глава додека…

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на сите времиња,…