Објавено на:

АФД се заложи за масовна депортација на мигранти во пресрет на изборите во Германија

t

Крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) го претстави својот манифест во пресрет на вонредните парламентарни избори во земјата, кој вклучува затворање на границите на Германија, повторно купување руски гас и растурање на Европската Унија. Германските медиуми објавија дека во манифестот се ветени напуштање на Парискиот климатски договор и на еврото како валута и создавање нова конфедерација на држави.

Лидерката на АфД, Алис Вајдел, дури јавно го прифати терминот ремиграција или преселување, што би значело масовно враќање или депортирање на луѓе со мигрантско потекло.

Илјадници луѓе протестираа во градот Риза во обид да го попречат одржувањето на конгресот на АфД викендов. Вајдел ги опиша демонстрантите како левичарска толпа, а на конференцијата збореше за репатријации од голем обем.

„Ќе бидам искрена со вас: ако веќе се вика ремиграција, тогаш и ќе биде тоа“, порача Вајдел.

Ова е во спротивност со нејзините изјави од пред една година, кога се дистанцираше од скандал во чиј центар беше овој контроверзен концепт, а го промовираа и високи функционери од партијата.

АфД се наоѓа на второто место во предизборните анкети и добро помина на последните регионални избори на истокот на земјата. Вајдел ќе биде кандидатка на АфД за канцелар. Оваа 45-годишна економистка порано работеше во „Голдман Сакс“ и е во истополова врска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АФД се заложи за масовна депортација на…

Крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) го…

И приватниците треба да чистат снегот Глобите…

И граѓаните се должни да се вклучат…

Претставен конечниот нацрт на договорот за прекин…

Посредникот Катар во понеделникот на Израел и…

Гордана Јанкулоска по ослободителната пресуда: Ќе тужи…

Сопругот и адвокат на Гордана Јанкулоска која…

Родителите на Коста Кецмановиќ: Сам решил да…

Родителите на Коста Кецмановиќ нагласија дека не…