АФД се заложи за масовна депортација на мигранти во пресрет на изборите во Германија
Крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) го претстави својот манифест во пресрет на вонредните парламентарни избори во земјата, кој вклучува затворање на границите на Германија, повторно купување руски гас и растурање на Европската Унија. Германските медиуми објавија дека во манифестот се ветени напуштање на Парискиот климатски договор и на еврото како валута и создавање нова конфедерација на држави.
Лидерката на АфД, Алис Вајдел, дури јавно го прифати терминот ремиграција или преселување, што би значело масовно враќање или депортирање на луѓе со мигрантско потекло.
Илјадници луѓе протестираа во градот Риза во обид да го попречат одржувањето на конгресот на АфД викендов. Вајдел ги опиша демонстрантите како левичарска толпа, а на конференцијата збореше за репатријации од голем обем.
„Ќе бидам искрена со вас: ако веќе се вика ремиграција, тогаш и ќе биде тоа“, порача Вајдел.
Ова е во спротивност со нејзините изјави од пред една година, кога се дистанцираше од скандал во чиј центар беше овој контроверзен концепт, а го промовираа и високи функционери од партијата.
АфД се наоѓа на второто место во предизборните анкети и добро помина на последните регионални избори на истокот на земјата. Вајдел ќе биде кандидатка на АфД за канцелар. Оваа 45-годишна економистка порано работеше во „Голдман Сакс“ и е во истополова врска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Реформската агенда и клучните законски решенија…
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата интензивно…
„КИКИ ГО ЧУВАШЕ НАШИОТ БОЛЕН СИН, БЕШЕ…
Потресна исповед на семејство од Загреб открива…
Родителите од Тетово револтирани од состанокот кај…
Родителите на нападнатите деца во Тетово се…
Уапсени шест лица во Србија и Словенија…
Во заедничка акција на обвинителствата и полициите…
Мајка цела ноќ ја барала 12-годишната ќерка:…
Мајка од Скопје пријавила дека нејзината 12-годишна…