Афера “Тајни имоти”: 123 функционери на власта кријат имот од 30 милиони евра

t

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска ја објавија најавената афера за партиски функицониери на СДСМ и ДУИ кои според партијата, немаат пријавено имоти во Државната комисија за спречување на корупција, односно поседуваат тајни имоти.

Какок што беше посочено на прес-конференцијата на пратеникот Бране Петрушевски, 123 лица криеле имот во вредност од 30 милиони евра.

Во продолжение целата прес-конференција на Петрушевски:


– Денес објавуваме афера од која може да се види како власта, функционери на СДС и ДУИ на различни позиции поседуваат таен имот.

На списокот кој го поседуваме има куќи, станови, викендици, деловни простории кои се скриени од очите на јавноста. На овој список се државни функционери, претседатели на комисии, директори, раководни луѓе на институции.

Поголемиот дел од нив директно поставени од владата и функционери во партиите на власт.

5 години власт на СДС, 123 именувани функционери на државни позиции кријат имот вреден 30 милиони евра. Ги поседуваме сите детали.

Новата афера Тајни имоти, е уште еден показател како власта функционира надвор од законите, заштитувајќи ги прекршителите на истите, кои во овој случај се избрани и именувани функционери, а чија обврска е да служат на граѓаните на Македонија.

Со СДС на власт, овие функционери, очигледно служат само на нивната партија и на човекот кој ги именува преку седници на влада.

Овие имоти се тајни и истите не се евидентирани од Државната комисија за спречување на корупција.

Овие 123 функционери придонеле, прво кон кршење и непочитување на законите и второ но не помалку важно кон криење на своите имоти.

Не веруваме дека се работи за системски пропуст, туку за системско прикривање на станови, куќи, деловни простори, удели во фирми и депозити.

Воедно институциите како комисијата за спречување на корупција и судир на интереси, кои се формирани за спречување на ваквите дејанија, практично се соучесници во шемата која ја креира власта и се нивни заштитници.

Сметаме дека се работи за ново злосторничко здружување и организирано криење на имоти.

Антикорупциската комисија е должна да води точна прецизна и навремена евиденција за поднесување на анкетните листови од страна на функционерите, кои имаат обврска во рок од 30 дена од нивното именување да поднесат анкетни листови. Треба да се постави и прашањето зошто антикорупциската постои ако точно 123 лица функционери го кријат својот имот.

Законскиот рок од 30 дена е пробиен со месеци, а од власта на СДС молк и заштита на нивните партиски пиони.

Даваме рок од 24 часа институциите сами да ги објават овие имиња, во спротивно од утре ќе ги објавуваме поединечно заедно со имотот кој го кријат.

Откако ќе ги објавиме ќе побараме и проверка на потеклото на имот, зошто тајниот имот е таен поради одредени причини, а најголемата е дека истиот би можел да е нелегално стекнат.

Да потсетиме оваа владата каде Премиерот дезертер стекнал преку аферата броило, заедно со неговиот кум бизниси вредни 26 милиони евра, е земја со влада која е најкорумпирана во Европа.

Зошто СДС крие имот во енормно висока вредност? Зошто СДС дава групна насока на своите функционери да не го пријавуваат имотот со кој се стекнале незаконски? И дали овие функционери се дел од лицата за кои и самата претседателка на ДКСК Билјана Ивановска, во неколку наврати кажа дека знае за случаи во кои функционери имаат големи имоти, но тој не е на нивно име?

Очигледно е дека се работи за свесно криење, а само имот стекнат на нечесен и криминален начин се крие.

ВМРО-ДПМНЕ направи длабинска анализа и ги имаме сите со име и презиме. Во рок од 24 часа ВМРО-ДПМНЕ ќе почне да ги објавува точните податоци со имиња и презимиња.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) СДСМ: Учениците граматика ќе учеле од…

ДПМНЕ и министерката Јаневска по само два…

ВМРО-ДПМНЕ прво се извинија па сега откриваат…

Во два наврата претходно за време на…

СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците

Првиот амандман, кој имаше за цел да…

Двојни аршини: Кога должи фирма на министер…

Долг на фирма не е кривично дело,…

„И лавот му рече на орелот мјау“:…

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)…