Афера “Тракторче” ќе ги тресе општините – плаќале по 50.000 евра за тракторчиња вредни 3.000 евра
Ќе отвори ли ОЈО предмет за аферата „тракторче“?
Машина за бележење на хоризонтална сигнализација во Општина Битола е набавена за рекордни 2 милиони и 950 илјади денари, покажуваат податоците од јавните набавки.
Јавно претпријатие од Битола набавило „тракторче“ за 2.950.000 денари од фирмата „ФИРСТ-ИНГ“ ДОО увоз-извоз Скопје. Исто такво чини драстично помалку на онлајн сајтови од каде може да се набави иста ваква, или слична механизација.
Во продолжение можете да ги видите податоците од договорот склучен меѓу претпријатието и дирмата. На договорот се потпишани двајцата директори.
Симптоматична е цената на „тракторчето“, особено доколку се погледне набавката на слична или иста ваква механизација. Останатите општини, иако набавиле ваква механизација за високи суми, тие повторно се драстично помали од набавката која ја направило претпријатието од Битола.
Единствено општината Велес набавила вакво тракторче за сума приближна на таа во Битола, Велешани го платиле тракторчето за 2.596.000 денари, што исто така е преголема сума, бидејќи во продолжение можете да ги видите набавките во останати општини.
За поправка на вакво машинче јавното претпријатие во Кавадарци платило 270.928 денари, а јавното претпријатие од Радовиш 1.298.000 денари.
За набавка на резервни делови од истата фирма ЈП Комуналец Кавадарци потрошиле 295.000 денари.
Студентскиот дом во Битола набавил нова електрична машина за нанесување на поликолор за 164.492 денари.
Она за што Обвинителството би требало да се заинтересира, е како иста ваква машина, односно „тракторче“ во Илинден е набавено за трипати помала цена во споредба со Велес и Битола, односно 955.800 денари.
Дополнително, уште еднаш да повториме дека вакви машинчиња чинат драстично помалку на сите електронски сајтови за набавка на слична механизација.
Останува да видиме дали Обвинителството ќе ја провери аферата „тракторче“, а дополнително Управата за финансиска полиција би требало да ги провери и општините и компанијата која ги добила тендерите за набавка на тракторчето во сите општини.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заедничка акција на македонското и косовското Обвинителство:…
Поради регистрирани неколку случаи на пуштање во…
Обвинителството итно отвори предмет за диверзијата во…
По информациите во јавноста дека на Институтот…
(Фото) Нов пожар во Битола во близина…
Пожар избувна во близина на железничката пруга…
БРУКА! Книги од едицијата „Рацинови средби“ скапуваат…
БРУКА! Книги од едицијата „Рацинови средби“ скапуваат…
„Очекувам истрага и кривична пријава“: Пандов доставил…
В.д директорт на Управата за извршување на…