АХВ акција: Запленети и уништени 37 тони храна со истечен рок и без декларации
Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) неделава, при спроведена вонредна контрола кај оператор со храна, запленија и нештетно уништија приближно 37 тони храна, јаткасти плодови, зрнести и мешункасти производи и разни зачини, без декларации и на кои рокот на употреба им бил истечен од една до две години.
За сторениот прекршок на операторот, изречена му е мерка времена забрана за работа и глоба, како и наредба за отстранување на утврдените недоследности со надзорот.
АХВ неделава спроведе вонредни контроли и кај други оператори со храна –месарници, ресторани, сендвичарници, маркети, за што заради утврдени недоследности (нерегистрирани оператори со храна, неспроведени задолжителени обуки на вработените за безбедност на храната, пуштање во промет на небезбедна храна и слично), на операторите со храна и на нивните одговорни лица им изрече парични казни, но и времени забрани за вршење на дејност.
Издадени беа и наредби за отстранување на утврдените недостатоци со контролите, а затекнатата небезбедна храна беше нештетно уништенa, соопшти АХВ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АХВ акција: Запленети и уништени 37 тони…
Инспекциските служби на Агенција за храна и…
АХВ заплени небезбедна храна со непознато потекло…
По добиена пријава, со интервенција од Единицата…
Пет земји денес доставија 97 тони храна…
Авиони од Обединетите Арапски Емирати, Германија, Белгија,…
Грчки авиони исфрлиле 8,5 тони храна во…
Два авиони на грчкото воено воздухопловство утрово…
Американски гигант во производство на храна банкротираше…
Дел Монте Фудс, компанијата стара 138 години,…