АХВ заплени небезбедна храна со непознато потекло по спроведен вонреден инспекциски надзор

t

По добиена пријава, со интервенција од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе вонреден инспекциски надзор на возило во кое се превезувало храна со непознато потекло, на подрачјето во општина Чучер-Сандево.

При извршениот надзор пронајдени се 1.060 килограми кршени ореви и 581 килограми кикирики во зачинета обвивка, во рефус состојба, без идентификација и без потребни информации за потрошувачите. Во рамки на истата пратка со надзорот најдени се и 900 килограми индиски ореви, со декларација, извести АХВ.

„Бидејќи производите биле без соодветна документација за потекло и квалитет, согласно Законот за безбедност на храна, затекнатите количини се прогласени за небезбедни и истите ќе бидат нештетно уништени. Против лицето затекнато при контролата, поведена е прекршочна постапка за пуштање во промет на небезбедна храна, односно, заради пуштање во промет на храна од страна на нерегистриран оператор и немање на потребни информации за потрошувачите.

На сторителот изречена му е глоба од 600 евра во денарска противвредност“, соопштуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство и додаваат дека ќе продолжат со спроведување засилени контроли на терен, со цел спречување на пласман на небезбедна храна и заштита на здравјето на потрошувачите

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АХВ заплени и уништи еден тон пилешки…

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и…

Македонците фрлаат 17 килограми храна повеќе од…

Македонските домаќинства во просек фрлаат по 86…

Запленети 150 килограми месо со изминат рок,…

Агенцијата за храна и ветеринарство заплени 150…

Уништен небезбеден сладолед, парични казни за 45…

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и…

Турција ни донира 500.000 дози вакцина против…

Од Република Турција се обезбедени 500.000 дози…