Ахмети: Албанскиот народ ќе го чува албанскиот јазик

t

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети вечерва од Врапчиште каде присуствуваше на средба со граѓани, рече дека очекува од сите политички партии на Албанците во земјава, но и од партиите во Косово да го заштитат албанскиот јазик.

„Очекуваме на заедничка средба со владата на РС Македонија, владата на Р Косово да го покрене прашањето за албанскиот јазик. Очекуваме и реакција од сите партии во Косово. Ова прашање не засега сите“, рече Ахмети.

Тој нагласи дека неприфатливи се укинувањето на етничката припадност, неправедното отстранување на Албанците од институциите, рушењето на достигнувањата во сите области и селективната правда.

„Ги повикуваме губитниците на изборите да не ги легитимираат штетните политики што не враќаат назад и суштински ги влошуваат меѓуетничките односи“,рече лидерот на ДУИ.

Пред неколку дена од скопско Шуто Оризари, Ахмети порача дека ако се допре албанскиот јазик сите Албанци ќе се кренат на нозе. Му испрати и писмо на премиерот Мицкоски, во кое изрази загриженост за неодамнешните одлуки на Уставниот суд, од кои едната е укинувањето на т.н. „балансер“, а другата во најава дека ќе бидат укинати делови од Законот за употреба на јазиците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ахмети за ТВ21 по состанокот со Таравари:…

Во просториите на општина Гостивар попладнево се…

Најкорумпираниот функционер на ДУИ, Беким Мемети ги…

Беким Мемеди е единствениот албански шериф во…

Ахмети – Лудва: Уставните измени се многу…

 Скрининг процесот, уставните измени, европската интеграција и…

Лавров: Има Албански и Косовски паравоени формации…

Русија внимателно ги проверува информациите кои сугерираат…

На албански мафијаш во затвор му испраќале…

Познатиот албански истражувачки новинар од светот на…