Ахмети му врати на Мицкоски: Министрите Албанци работат за сите граѓани на Македонија!
Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, реагираше на коментарите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, поврзани со буџетот за 2023 година и за доделување пари за проекти во регионите со мнозинство Албанци.
Според Ахмети, министрите од неговата партија во Владата на Македонија не се посветени само за Албанците, туку на сите граѓани.
– Министрите работат за сите граѓани на РМ. Првиот вицепремиер нема само една задача, но не работи само еднострано за инфраструктурата, туку за целата Република. Министерот за образование нема само една задача, да се интересира за унапредување на образованието на Албанците, туку за унапредување на целиот образовен систем во Републиката. Не само за историјата на Албанците, туку и за историјата на државата и заедниците, изјави Ахмети на настан организиран во Струга по повод каментемелник на нова училишна зграда.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…
Во Радуша никнува нов парк, но не…
Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари средби…
Борисов: Со Мицкоски сме „сестри“, но и…
Со партијата на премиерот на Македонија, Христијан…
Агелер: Воодушевена сум што Мицкоски ќе користи…
Откако мандатарот Христијан Мицкоски изјави дека заклетвата…
ВМРО доби поддршка за реорганизацијата од Ахмети,…
Зијадин Села и неговите пратеници, кои се…