Ахмети на средба со Гир: ДУИ е посветена на стабилноста и отфрла секакви монтирани обиди за дестабилизација

t

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети денеска во партиското седиште во Тетово се сретнал со амбасадорот на Европската Унија во Скопје, Дејвид Гир, на која, како што информираат од ДУИ, размениле мислења за Охридскиот договор, Преспа и добрососедството со Бугарија, евроинтеграциите, реформите во согласност со очекувањата на ЕУ и изборниот легитимитет.

Ахмети, се вели во соопштението, на Гир ја елаборирал нацрт-платформата за легитимитет подготвена од авторот на Охридскиот договор Пол Вилијамс и ПИЛПГ, мислењата на локалните експерти и чекорите што ДУИ и Европскиот фронт ќе ги преземаат во одбрана на легитимитетот.

Лидерот на ДУИ на средбата со евроамбасадорот, зборувал, како што стои во партиското соопштение, и за тенденциозните предупредувања на премиерот Христијан Мицкоски за дестабилизација, истакнувајќи загриженост за можно намерно владино инсценирање преку обвинувања на други со цел, како што посочил, да се дефокусира јавноста од потфрлувањата на власта.

-ДУИ е посветена на стабилноста, безбедноста, мирот, добрите меѓуетнички и меѓусоседски односи како и европската интеграција и отфрла секакви монтирани политички владини обиди за дестабилизација. Исто така, остануваме најпосветениот партнер на Европската Унија и Соединетите Американски Држави во Македонија кој што ја гледа земјата партнер и членка на НАТО и ЕУ, истакнал Ахмети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ахмети за ТВ21 по состанокот со Таравари:…

Во просториите на општина Гостивар попладнево се…

Најкорумпираниот функционер на ДУИ, Беким Мемети ги…

Беким Мемеди е единствениот албански шериф во…

Евроамбасадорот Гир му го презентира Извештајот на…

Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска му го презентира…

Ахмети – Лудва: Уставните измени се многу…

 Скрининг процесот, уставните измени, европската интеграција и…

Гир: Земјите кои сакаат да станат членки…

Евроамбасадорот Дејвид Гир попладнево во Собранието порача…