Ахмети на средба со Хан: Да се надминат личните интереси, политичките партии да се фокусираат на иднината на државата

t

Претседателот на Демократската унија за интеграција, г-дин Али Ахмети денеска се сретна со европскиот комесар за буџет и администрација, г-дин Јоханес Хан.

Соговорниците разговараа за скрининг процесот, евроинтеграциите, реформите во администрацијата, уставните измени, состојбите во регионот како и дијалогот меѓу Косово и Србија.

Скрининг процесот се развива според прогнозите, а реформите се континуиран процес.

Ахмети зборуваше за Европскиот фронт како итна потреба за надминување на пречките во интеграцискиот пат и спроведувањето на уставните измени, додавајќи дека политичките партии треба да ги надминат личните интереси и да се фокусираат на иднината на државата и животот на граѓаните.

Комесарот Хан безрезервно ги поддржува реформските и евроинтеграциските напори на нашата земја.

Соговорниците разговарале и за дијалогот меѓу Косово и Србија, апелирајќи земјите да се држат до договорот постигнат во Охрид до финализирање на целосниот договор со взаемно признавање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ахмети за ТВ21 по состанокот со Таравари:…

Во просториите на општина Гостивар попладнево се…

Најкорумпираниот функционер на ДУИ, Беким Мемети ги…

Беким Мемеди е единствениот албански шериф во…

Ахмети – Лудва: Уставните измени се многу…

 Скрининг процесот, уставните измени, европската интеграција и…

Маричиќ – Хан: ЕУ работи на создавање…

Европската Унија работи на паралелни реформи во…

Се јави Хан: Партиските интереси да се…

Знам дека добри ви оди, дека добро…