Ахмети: Отпор ќе има
До март додека да продолжи процедурата во Уставен, законот за јазици веројатно ќе биде една од главните теми за ДУИ.
Лидерот Ахмети кој вчера беше на партиски митинг во Гостивар, дебатата на Уставен за Законот за јазици ја нарече дебата за преиспитување на Рамковниот договор. Се закани дека било какви интервенции ќе наидат на отпор кај Албанците.
Охридскиот мировен договор е историски документ, кој стави крај на една војна и ги постави темелите за праведно и еднакво општество.
Тој е мировен договор кој не може да биде доведен во прашање или повторно преговаран од никого, а особено не од орган што нема ниту надлежност ниту легитимитет за тоа.
Законот за јазици, кој е дел од Охридскиот договор, ги гарантира еднаквите права за сите граѓани и претставува извонредно достигнување за мултиетничкиот соживот во Македонија“ – се вели во соопштението на ДУИ
Во друго соопштение утрово ДУИ побара и предвремени избори оценувајќи ја работата на Владата како неуспешна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пандев: Дојдов во Фудбалската федерација за да…
Легендарниот македонски фудбалер Горан Пандев, на гостувањето…
На Попова Шапка има 70 сантиметри снег
Утрово е најстудено на Попова Шапка, -5…
Жена се породи во такси во Црна…
Бебе во Никшиќ, Црна Гора, се роди…
Касами ќе одвои 40.000 евра од општинскиот…
Општина Тетово ќе одвои 40.000 евра за…
СДСМ: Скандалозна е одлуката на Антикорупциска за…
Скандалозна е одлуката на ДКСК во однос…